Мајката на загинатата Јелена од Куманово е возачот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“
Зад воланот на возилото „БМВ X6“ во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот Гоце Делчев во Скопје била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ, пишува „Слободен печат“. Јелена Филиповиќ е починатата девојка чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот Кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.
Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
Крв и урина се земени од лицето што го управувало белото БМВ со кумановски регистарски таблици, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот