-->
-->
Мајка на обвинет за убиството во Штип нападнала и влечела за коса полицајка
-->
Вчера, по првото судско рочиште на турските државјани обвинети за убиство на 8 мај во Штип, се случил сериозен инцидент, пренесува ТВ Стар.
Маjката на еден од лицата обвинети за помагање во убиството прво влегла во расправија со полициска службеничка, која подоцна прераснала во физички напад.
Таа ја нападнала полицајката, влечејќи ја за косата и навредувајќи ја. На местото морале да интервенираат други полициски службеници, меѓу кои и припадници на специјалната единица што присуствувале на рочиштето.
Турската државјанка била приведена и со лисици однесена во полициска станица, каде што ќе се преземат соодветни постапки против неа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
