Свет
10. February 2017 - 12:53

Мајка монструм: Го терала на орален секс нејзиниот 4-годишен син

Кели Лин Саут (40) од Луисвил Кентаки осудена е на 16 години затвор поради инцест и сексуално злоставување на нејзиниот 4-годишен син.

Саут е уапсена во октомври 2015. година, а осудена е врз основ на 5 точки од законот. За време на истрагата таа признала на полицијата дека го терала синот на орален секс.

Злоставувањето траело од 4-тата до 7-мата година на момчето, пишува "The sun". Медиумите наведуваат дека мајката е уапсена и на 38 годишна возраст, но тогаш е пуштена со парична казна од 2.500 долари.

Мачењето траело до септември 2012 година до септември 2015.

- Страдањето е незамисливо и ќе има големи последици врз животот на момчето. Судската одлука сепак допринела за правда - изјавиле од обвинителството.

Во Кентаки секс со дете помладо од 12 години се смета за злоставување од прв степен и за тоа е предвидена казна од 5 до 10 години затвор.