Македонија
9. January 2018 - 8:27

Маглата ја намали видловоста на повеќе патишта

Поради магла намалена е видливоста на повеќе патишта низ државата. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Битола видливоста е од 100 до 150 метри, во Куманово 50 до 100 метри, во Тетово 50 до 60 метри, Павлешници 30 до 50 метри, додека во Велес, Катланово-Велес и Отовица-Катланово до 100 метри, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.