Магла кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Во целосен прекин и натаму е сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица, откако викендот поради одрон е блокирана целата делница. Се работи на отстранување на одронот, а се користи како алтернативен патот Кочани - Виница - Драгобрашта - Бигла- Македонска Каменица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, застои и ограничувања претежно влажни коловози
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
