Мацут за „Политика“: Европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за подобар живот за граѓаните

Српскиот премиер Ѓуро Мацут во интервју за денешна Политика вели дека „европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за понатамошен развој, напредок и подобар живот за граѓаните“.
„Важната порака што ја испративме е дека Србија останува посветена на европскиот пат, но и на зачувувањето на добрососедските односи и мирот во Западен Балкан“, истакна Мацут.
Тој нагласува дека учеството на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон биле исклучително важни за Србија.
Мацут нагласи дека „Србија денес е фактор на стабилност и сигурен партнер во регионот“, што беше препознаено и од европските соговорници.
„Берлинскиот процес е важна рамка за зајакнување на економските врски, инфраструктурните врски и подобрување на условите за младите луѓе да останат во своите земји“, рече Мацут.
„Во Лондон разговаравме за конкретни проекти во областа на енергетиката, зелената транзиција и дигиталната поврзаност, како и за понатамошно приближување на земјите од регионот кон единствениот европски пазар“, рече премиерот на Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
