Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
Mачка очајно се држи за рачката на вратата од автомобилот за време на поплавите во Дубаи.
За среќа, спасувачите ја извлекле мачката од оваа ситуација која се случила на 16-ти април за време на невиденото невреме во овој дел од светот. Видеото е само предупредување, бидејќи покажува дека работите лесно можеле да излезат од контрола и да бидат драстично поинакви, пишува „Pethelpful“.
Гледачите на ТикТок масовно пријавуваат дека во текот на гледањето на видеото нивниот здив запрел: видеото покажува мачка која се бори за својот живот додека нивото на водата околу неа се зголемува.
Видеото споделено од „ABC News“ покажува дека поплавите во Дубаи достигнале опасни нивоа. Автомобилите биле целосно потопени во вода, па имала среќа што мачката успеала да зграби нешто наместо да отплови.
На видеото се гледа како спасувачите стигнуваат до животното со чамец и го фаќаат. Мачката во еден момент мјаукала - сигурно била исплашена, но била сосема добро кога била во чамецот за спасување, сфаќајќи дека конечно е безбедна.
Во натписот на видеото пишувало дека тој ден во Дубаи паѓал дожд во количина што паѓа овде за две години. Националната управа на Обединетите Арапски Емирати за вонредни ситуации и управување со катастрофи побарала од жителите „да останат во своите домови“ и да излегуваат во случаи на екстремна вонредна состојба.
Гледачите на социјалните мрежи се благодарни на спасувачите кои успеале да ја спасат мачката пред да се случи најлошото.
„Ви благодарам што го спасивте тоа маче!“, „Замислете да сте таму со часови и да ви е ужасно студено“, „Нејзиното последно мјаукање значеше: 'Благодарам'“, „Не сите херои носат наметки“, гласат дел од коментарите.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски очекува победа уште во првиот круг од изборите
-
Кратово домаќин на меѓународен научен симпозиум и етно филм фестивал
-
Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)