М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање
Основниот граѓански суд Скопје денеска донесе решение со кое се Усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка „забрана“ на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, информираат од М-НАВ.
- Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос, велат од М-НАВ АД Скопје и ја нагласуваат својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во земјава.
МИА
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали