-->
-->
Лукаку блесна со два гола против Русија
-->
Белгија, репрезентација која се наоѓа во најтесниот круг на фаворити за највисок пласман на ЕУРО 2020, со победа ги започна натпреварите во Б-групата. Белгијците, во Санкт Петербург, без многу труд ја победија Русија со 3:0.
Белгија без Кевин Де Брујне, Аксел Витсел и Еден Азар (одигра 15 минути), забележаа рутинска победа над Русија.
Белгија максимално ги казни грешките на своите противници, победникот го реши во првите 35 минути.
Лукаку во 10.минута ја искористи грешката Самедов и го постигна првиот гол на мечот. Нова грешка руската одбрана направи во 34.минута, овој пат ги казни Мение.
До крајот на полувремето, Русите во паника се бране да не примат уште некој гол.
Второто полувреме, Белгијците рутински го одработија, ја контролираа играта, не дозволија ниту една сериозна ситуација пред голот на Куртоа, а во 88. минута, со својот гол, Лукаку стави точка на мечот.
Белгија, во второто коло, на 17.јуни ќе игра против Данска, додека Русија за противник ќе ја има Финска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција