Луѓето со психички болести во САД имаат право да си купат огнено оружје, одлучи Конгресот
Американскиот Сенат гласаше за блокирање на наредбата на Владата на Барак Обама, која на околу 75.000 лица со психички растројства им попречуваше да купуваат огнено оружје.
Отфрлањето на мерката сега оди на разгледување кај претседателот Доналд Трамп, кој се очекува да ја потпише новата одлука, соопштија американските медиуми.
Наредбата беше обид на Обама да ја засили федералната контрола врз продажбата на оружје по убиството на 20 ученици и шестмина возрасни лица во основно училиште во градчето Њутаун, во сојузната држава Конектикат. Дваесетгодишен маж, кој страдал од Аспергеров синдром и од опсесивно-компулсивно растројство, ја уби својата мајка, по што отиде во училиштето и го изврши масовното убиство и потоа се самоуби.
Наредбата на Владата на Обама бараше администрацијата за социјално осигурување да и ги испраќа имињата на лицата со умствени проблеми.
Но, пратениците, со поддршката на Националната асоцијација за огнено оружје и организациите за правата на човекот се спротивставија на мерката и го поттикнаа Конгресот да преземе процедура за нејзино укинување. Наредбата може да биде укината кога двата дома на Конгресот со просто мнозинство ќе усвојат заедничка резолуција против неа и потоа претседателот ја потпише.
Сенатот со 57 гласа „за“ и 43 „против“ гласаше за укинување на наредбата на претходната администрација и сега таа го чека одобрението од Трамп.
Според критичарите, мерката неправедно ги клевети овие луѓе и ги става во нерамноправна положба и е во спротивност со нивното уставно право да носат оружје.
- Доколку има веројатност конкретен човек да пројави агресија заради свое ментално заболување, Владата треба тоа да го докаже, кажа републиканскиот сенатор од Аризона, Чарлс Грасли, кој беше главниот застапник за укинување на нормативниот акт.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение