-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар гостува во Подгорица
-->

Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар вечерва (почеток 19:30 часот) ги продолжува натпреварите од Лигата на шампионите. „Вардарки“ гостуваат кај незгодиниот ривал Будуќност на нивни терен во Подгорица. Овие два тима во ЛШ имаат одиграно седум натпревари, ЖРК Вардар има две победи, а Будќност четири со еден нерешен резултат. Последните два натпревара во ЛШ завршија со победи на ЖРК Вардар, а последниот дуел во рамките на регионалната лига заврши со триумф на Будуќност од 30:29.
Тренерот на ЖРК Вардар Давид Дејвис истакна дека неговата екипа е подготвена за дуелот и посакува позитивен резултат на гостувањето во Подгорица.
Покрај овој дуел денеска играат уште: Турингер – Астраханочка и Митјиланд – Есбјерг.
На натпреварите досега одиграни: Мец – ФТЦ 25:28, Ѓер – Крим 39:22 и Букурешт – Ларвик 26:26.
Табела група 1: ЖРК Вардар 7 бодови, ФТЦ 7, Будуќност 6, Мец 4, Турингер 2, Астраханочка 0.
Табела група 2: Ѓер 8, Крим 6, Ларвик 5, Митјиланд 4, Букурешт 3, Есбјерг 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
