-->
-->
ЛШ: Нов несреќен пораз на Металург
-->

Ракометарите на Металург го претрпеа и третиот пораз во рамките на групата Д од Лигата на шампионите. Попладнево во рамките на 5.коло романската екипа Баја Маре славеше победа со 21:20 (10:9).
Во последните секунди од натпреварот прв водство на противникот од 21:20 Лука Мраковчиќ ја испушти топката и со тоа пропадна шансата за да се освои еден бод. Домашната екипа подобро го почна натпреварот и по 3:3 имаше постојано водство, а во 25.минута беше и 9:5. На почетокот на вториот дел Металург во два наврати успеа и да изедначи (10:10 и 11:11), но повторно романскиот тим со серија од 3:0 се одлепи и на крајот стигна до победата.
Најефикасен на дуелот беше играчот на Металург Јанко Божовиќ со 8 голови, а кај Баја Маре Тамаш Инавчук постигна 6. Голманот на Металург Даниел Дупјачанец имаше 17 одбрани.
Од групата Д претходно беше одигран дуелот Кадетен Шафхаузен – Скјерн 24:30, а во тек е дуелот Елверум – Мотор.
Табела: Скјерн 8 бодови, Баја Маре 6, Мотор 4, Металург 4, Кадетен 3,Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
-

Стигнаа предлозите од Мицкоски - Муртезани ќе се разреши, Сали - вицерпемиер, Хоџа министер за животна средина
-

Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
-

Пензионери на протест пред Уставниот суд
-

Околу 200.000 граѓани не добија поврат на ДДВ, УЈП вели парите ќе им бидат исплатени без да каже кога
