-->
-->
ЛШ: Четири екипи обезбедија пласман во осминафиналето
-->
По одигрувањето на синоќешните осум натпревари од 4.коло во групната фаза, познати се четири екипи кои веќе обезбедија пласман во осминафиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони.
Екипите на Арсенал, Париз Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, направија недостижна предност во однос на конкурентите за првите две места во А и Д групите.
Во дербито на вчерашните натпревари Манчестер Сити со пресврт стигна до победата над Барселона од 3:1, иако губеше со 1:0.
Резултати и табели:
А група: Лудогорец – Арсенал 2:3, Базел – ПСЖ 1:2.
Табела: Арсенал 10 бодови, ПСЖ 10, Лудогорец 1, Базел 1.
Б група: Бешикташ – Наполи 1:1, Бенфика – Динамо Киев 1:0.
Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.
Ц група: Манчестер Сити – Барселона 3:1, Борусија Менхенгладбах – Селтик 1:1.
Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 7, Борусија Менхенгладбах 4, Селтик 2.
Д група: ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен 1:2, Атлетико Мадрид – Ростов 2:1.
Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1.
Вечерва од 20 часот и 45 минути ќе се играат другите осум натпревари од ова коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори