Фудбал
15. August 2017 - 22:50

ЛШ - бараж: Ливерпул славеше на гостувањето во Германија

Премиерлигашот Ливерпул оствари победа од 2:1 на гостувањето кај бундеслигашот Хофенхајм во првиот натпревар од баражот во Лигата на шампионите. „Црвените“ до победата стигнаа со головите на Трент Александер Арнолд во 35.минута и авгоголот на Нортвеид (по центаршут на Милнер) во 74. Голот за германската екипа го постигна Ут во 87.минута.

Екипата на Хофенхајм пропушти шанса за поволен резултат откако во 12.минута Андреј Крамариќ не реализираше пенал што Симон Мињоле успеа да го одбрани.
Резултати на другите дуели:
Спортинг - СБ 0:0,
АПОЕЛ - Славија Прага 2:0,
Јанг Бојс - ЦСКА Москва 0:1 и 
Карабах - Копенхаген 1:0.
Реванш дуелите се играат на 23.август, додека утре се играат уште пет натпревари од баражот од ЛШ:
Наполи - Ница,
Хаполе Бер Шева - Марибор,
Олимпијакос - Ријека,
Башакшехир - Севиља и 
Селтик - Астана.