Направете маст за хемороиди и решете го проблемот засекогаш
Хемороидите се една од најраспространетите болести. Според статистиката, од хемороиди страдаат 12% од светското население. Подеднакво се појавуваат и кај мажи и кај жени.
Ви претставуваме рецепт за подготовка на домашен маст за лечење хемороиди, лекот лесно се прави, а докажано помогнал на многу луѓе да се ослободат од оваа непријатна болест.
Потребни состојки:
1 супена лажица мед
10 гр чист прополис
50 мл масло од кантарион
50 гр пчелин восок
Медот се меша со 10 гр прополис. Смесата се меша со дрвена лажица во стаклен сад.
Во друг сад додадете 50 мл масло од кантарион и 50 гр восок. Загрејте ја смесата на пареа додека не зоврие. Тргнете го садот од оган, и оставете да се олади.
Кога маслото ќе достигне температура од 60-70 степени, додадете ја и смесата со прополис, па добро промешајте.
Вашиот домашен лек за лечење на хемороиди е готов. Се чува во фрижидер.
Парче газа натопено во маста се става на анусот секоја вечер. Треба да делува цела ноќ. Наутро се вади. Процедурата се прави секоја вечер, до оздравување.
Ново на Сител
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
-
Лишен од слобода скопјанец во Карпош, пронајдена дрога
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби