Лорд Данат: ИД може да се „збрише за две недели“ со сеопфатна воена офанзива
Поранешниот командант на здужените воени сили на Велика Британија, лорд Данат, изјави дека Исламска држава (ИД) „може да се избрише од картата за две недели“ доколку се примени една сеопфтна воена офанзива, во која ќе се употребат тенкови и копнени единици.
Овој поранешен генерал смета дека употребата на воздушните напади врз позициите на џихдистите и бомбардирањето на нивните воени и економски капацитет, не е доволно за конечна победа.
Данат смета дека во битката со ИД би требало да се искористат и луѓето кои живеат во бегалство, во соседните држави, за да се организираат и да се борат против џихадистите кои владеат со делови од Сирија и Ирак.
„Тие луѓе може да бидат мотивирани и вооружени од нас (Британија), за да се борат за своте села и за градовите во кои живееле„ а од каде побегнале , за да не бидат брутално убеини од џихадистите.
Изјавата на лорд Данат, во Лондон се толкува како „остра“ порака до премиерот Дејвид Камерон, да не оддолжува премногу со (повтореното) барање до пратениците во Парламентот, за да се согласат со вклучување на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) во воздушните операции во Сирија, против позициите на Исламска држава.
„Сега е време, премиерот да побара ново гласање, вели пензионираниот генерал Данат.
Јавната прозивка од еден бивш генерал, до премиерот, доаѓа во време кога врз Камерон се зголемува притисокот на дел од домашната јавност , да се определи за тоа што ќе преземе за да се елиминира заканата од ИД, особено сега, по последните терористички напади во Париз и по неколкудневната закана на која е изложен Брисел, главниот град на ЕУ.
Медиумите блиски до ториевците најавуваат дека Камерон „наскоро“ ќе го соопшти својот план околу британското учестви во операциите над Сирија.
„Сандеј телеграф“ тврди дека Британија се подготвува за „војна“ приклучувајќи се кон меѓународната коалиција и дека „воениот план“ ќе биде промовиран до пред Нова година.
Повикувајќи се на доверливи извори во Даунинг стрит 10, весникот открива дека владата очекува оти планот ќе добие мнозинство во Долниот дом.
Весникот „Дејли експрес“ тврди дека врз Камерон се врши притисок и да ги прифати предлозите што јавно ги изложи лорд Данат кој инсистира дека британската војска може да се подготви за сеопфатна операција против ИД.
Против вклучувањето на Британија во операциите во Сирија, засега, е само новиот лидер на опозициските лабуристи. Левичарот Џереми Корбин смета дека воената опција не е решение, но медимите јавуваат дека околу ова, тој е прилично осамен во својата партија и меѓу лабуристичките пратеници.
Членови на владата во сенка на Корбин изјавија дека би гласале за британско вклучување во меѓународната коалиција, отворено спротивставувајќи му се на својот партиски лидер.
Ново на Сител
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП