Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
Германија и Велика Британија го продолжуваат проектот за директна железничка врска меѓу нивните главни градови. Германскиот министер за транспорт Патрик Шнајдер и неговата британска колешка Хајди Александар потпишаа декларација во Хамбург, според која работна група треба да ги разјасни преостанатите нерешени прашања, пренесува ДПА.
- Ние сме посветени на обезбедување првите возови да можат да патуваат директно од Германија до Велика Британија под Ламанш во наредните години, рече Шнајдер. Сепак, прашањата поврзани со граничните и безбедносните проверки прво мора да се разјаснат заедно со операторите на инфраструктурата и железничките компании.
Александер го опиша документот како иновативна декларација со потенцијал да создаде погодна алтернатива на воздушниот транспорт. Работната група треба да ги зближи двете земји „и да отвори нови можности за туризам, бизнис и културна размена“, рече министерот.
- Директната железничка врска ќе помогне во создавањето нови работни места и зајакнувањето на виталните трговски врски што се основа на нашите економски односи со Германија. Тоа ќе го подобри пристапот за британските компании до европските пазари, а воедно ќе им го олесни на германските компании да инвестираат и да работат во Велика Британија.
Во моментов, поради различни оперативни, регулаторни и економски барања, патувањето со воз е можно само со префрлување – на пример преку Брисел или Париз. Според германскиот железнички оператор „Дојче Бан“, има до десет врски дневно со префрлување во Брисел. Желбата да се понудат директни врски постои со години.
Досега, само брзи патнички возови управувани од француско-британската компанија „Еуростар“ сообраќале низ тунелот под Ламанш. „Беспрекорната врска би го направила патувањето исклучително полесно и значително би ја зголемила привлечноста на железничкиот транспорт“, нагласи Шнајдер.
МИА
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години