Локални жители запалија млада девојка затоа што одбила понуда за брак
Локални жители на едно пакистанско село малтретираа, а потоа и запалија млада девојка, затоа што ја одбила понудата за брак на синот на директорот на училиштето, потврди полицијата.
Инциднетот се случи во селото Горни Девал во близина на пакистанскиот главен град на Исламабад, кога локалните жители ја нападнале 19-годишната Марија Садакат.
- Таа била малтретирана, а потоа жива запалена. Потоа тие ја пренеле во болница во Исламабад, затоа што давала знаци на живот, но подоцна таа им подлегна на повредите, соопшти полициски претставник.
Вујкото на убиената девојка изјави дека Марија ја нападнал директорот на приватното училиште каде таа била вработена како учителка, затоа што одбила да се омажи за неговиот син. Според него, во малтретирањето на девојка се приклучиле и пријатели на директоркот во училиштето.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа