Локализиран пожарот во општина Старо Нагоричане
Пожарот во општина Старо Нагоричане, во селата Челопек и Алгуња е локализиран, соопштија денеска надлежните од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. На пожарот, како што соопшти командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски интервенираа две противпожарни возила и седум пожарникари од Старо Нагоричане, 30 припадници на Армијата и екипа на ЈП „Национални Шуми“ со нивно возило.
- Очекуваме во наредните часови пожарот да биде изгаснат. Зафатена беше нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација и помала површина на бел бор, изјави Трајковски.
Пожарот, како што претходно соопшти ЦУК, избувнал вчера околу пладне во атарот на двете села. При гаснењето вчера учествуваа повеќе екипи, три возила од Старо Нагоричане со осум пожарникари, ТППЕ Куманово со едно возило и три пожарникари, едно возило и екипа на „Национални шуми“, локални жители, а утрово во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на МВР.
В.д. директорката на кумановската подружница на „Национални шуми“ - Куманово Катица Станковска Ристовска информираше дека пожарот избувнал вчера во месноста „Челопечка Кула“.
- Испративме возило кое веднаш беше достапно за помош. Вчера покрај пожарникарите од Старо Нагоричане и Куманово учествуваше и наша екипа. И денеска се гаси пожарот, се надеваме дека до крајот на денот ќе биде целосно изгаснат, изјави Станковска Ристовска.
Вчера на терен бил и заменик генералениот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов со надлежните од кумановската подружница.
Ново на Сител
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби