Loading Video...
Спорт плус
4. August 2021 - 15:17

ЛОИ, Токио - Распределени медалите во пет атлетски дисциплини, поставен еден Светски рекор

На 12-тиот натпреврувачки ден на ЛОИ во Токио распределени медалите во пет дисциплини во атлетиката, во кои беше поставен и еден нов светски рекорд.

Американката Меклафлин го подобри сопствениот светски рекорд 
Со време на нов светски рекор Американката, Сиднеј Меклафлин го освои златото на 400 метри. Американката Меклафлин го подобри сопствениот светски рекорд . Таа истрча време од 51 секунда и 46 стотинки што беше за 44.стотинки побрзо од досегашиот светски рекорд кој исто така беше во нејзина сопственот.
 
И нејзинатра сонародничка Махамади, златната од Рио, трчаше побрзо од досегашбиот светски рекорд, но тоа беше доволно само за среброто, додека бронзата и припадна на Холанѓанката, Бол кој постави нов европски рекорд. 
 
Кенијката, Чамути златна на 3.000 м. стиплчес 
Во трката на 3.000 метри стиплчес златото го освои Кенијката, Чамутаи, среброто и припадна на Американката, Фрерихс, а бронзата патува за Кенија на градите на Кијенг. 
 
Доинација на Кенијците - Корир пред Ротич до злато и сребро на 800 м.
Кенијците, Корир и Ротич ги освоија првите две места во трката на 800 метри. 
До златото стигна 24-годишниот Емануел Корир кој за само 17.стотинки беше побрз од сонародникот Фергусон Ротич, додека бронзата му припадна на Патрик Добек од Полска. 
 
Пољакот, Новицки доминантно до злато во врлање кладиво 
Пољакот, Војчек Новицки броната од олимпијадата во Рио ја претвори во злато. Доминантно со речиси еден метар повеќе од конкурентите тој го освои олимпиското злато во дисциплината кладиво со далечина од 82.52 метри. 
Норвежанецот, Хенриксен кој го освои златото фрли 81.58, додека четирикратниот светски шампион Пољакот, Фајдек мораше да се задоволи со бронзениот медал со фрлени 81.53 метри. 
 
Канадскиот спринтер Андре ДеГрасе конечно до олимпиското злато 
Во последната денешна финална дисциплина, 200 метри кај мажите триумф на Андре ДеГрасе.
Канаѓанецот, кој во спринтот на 100 метри во Токио го освои  среброто, до својот вкупно четврти медал од ОИ, а конечно прв  златен, стригна во време од 19,62, оставајќи ги зад себе Американците, Беднарек и Лајлс, за само 6 односно 12.стотинки зад себе.