Лиз Трас со најкраток мандат во британската историја
Британската премиерка Лиз Трас денеска поднесе оставка од лидер на Конзервативната партија, а својата одлука таа ја соопшти пред канцеларијката во даунинг Стрит 10 во Лондон, јавија Би-би-си.
Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, што потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се оддржат следната недела, а дека таа ќе остане на местото премиерка се до изборот на нејзиниот наследник.
Би-би-си во првичниот коментар на оставката на Трас од функцијата наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи токму вчера таа кажа дека е борец и дека нема да се откаже.
Но, оставката, додава Би-би-си во анализата, го покажува хаосот во Владата, Парламентот и Конзервативната партија што ја довеле Трас до точката што значи дека таа знае дека не може да продолжи.
-Ова што сега се случува сега е најбрзиот пресврт на моќта што сме го виделе во модерното време, наведува Ник Ердерли, од надворешната редакција на Би-би-си.
„Ова се промени со брзината на молња. Прашањето е дали Конзервативната партија може да се здружи околу нов лидер и дали партијата може да избегне општи избори. Во октомври ќе го имаме третиот премиер годинава. Ова е невидена ситуација и невиден краток мандат како премиер и невидена криза во британската политика“, се додава во првичниот коментар на Би-би-си на оставката на британската премиерка Лиз Трас.
Ново на Сител
-
Зохар: Израел не сака привремено примирје, туку крај на војната и враќање на заложниците
-
Генерал Герасимов најави продолжување на руската офанзива во Украина
-
Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост
-
Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина
-
Одбележување 40 години „Бушава азбука“
-
Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици
-
Променливо облачно со претпладневен локален дожд
-
Полицајци спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски | ВИДЕО