Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика меѓународните лидери да извршат притисок врз Москва пред патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Кина за состанок на Шангајската организација за соработка (ШОС), јави ДПА.
Зеленски синоќа изјави дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, кој треба да се сретне со Путин на самитот во кинескиот град Тјенџин.
Зеленски рече дека очекува Моди да работи во прилог на прекин на огнот во конфликтот меѓу Украина и Русија, што трае повеќе од три и пол години, пренесе ДПА.
Украинскиот лидер повторно рече дека прекинот на огнот е предуслов за почеток на мировните преговори.
Русија, од друга страна, вели дека сака да преговара за траен мир без претходно да го прекине конфликтот.
Зеленски во својата синоќешна редовна вечерна видео порака уште еднаш ја изрази својата подготвеност да се сретне со Путин, и покрај обесхрабрувачките сигнали од Москва.
Неговиот преговарач Рустем Умеров одржа разговори во Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Сите тие се подготвени да организираат билатерален состанок, како и Швајцарија, рече Зеленски.
Тој, исто така, најави понатамошни состаноци во Европа следната недела за да се обезбеди „силен одговор“ на Москва, додека ЕУ подготвува 19-та рунда санкции против Русија, пренесе германската агенција.
Путин од денеска присуствува на самитот на ШОС а во среда ќе биде главен гостин на воената парада во Пекинг, потсети ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче