Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија
Кавадарчанец бил лишен од слобода, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.
- Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.
Оттаму информираа дека синоќа пак во 19 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од неготинско село, постапувајќи по пријава од неговата 31-годишна сопруга, со која не живееле во заедница, дека ѝ се заканувал на социјални мрежи.
- Б.Ѓ. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР Велес.
Синоќа пак во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 43-годишната Л.Б. и Н.Б.(48), двајцата од Кавадарци.
- При претрес во објект на градскиот плоштад, што го користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 679 разни видови на пиротехнички средства. Л.Б. и Н.Б. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците