Ликовна изложба „Магијата на Монмартр“ за Денот на независноста
Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола синоќа во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија ги претстави најдобрите ликовни творби од годинашната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
Во културниот центар „Магаза“ изложени се дела сликани во Битола и Охрид инспирирани од старата македонска архитектура и пејзажите во битолскиот и охридскиот регион.
Изложбата ја отвори Татјана Крнчева, член на Советот на општина Битола, која посочи дека детската ликовна колонија е препознатлива насекаде во светот, а пак директорката на битолскиот Музеј, Мери Стојанова во своето обраќање истакна дека празникот во Битола се слави на најдостоинствен начин.
Оваа година во ист ден отворени се две ликовни изложби на кои се претставени најдобри ликовни дела од колонијата што се одржа пролетва во Битола и Охрид. Првата изложба беше отворена синоќа во битолската „Магаза“, а втората, во истовреме во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов.
Ново на Сител
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар