-->
-->
Лидерот на талибанците упати апел: Садете дрва
-->
Талибанците во Авганистан упатија редок јавен проглас во име на својот лидер Хајбатулах Акунџада, со кој Авганистаците се повикуваат да садат повеќе дрва заради „користа во овој и на оној свет“.
Специјалната порака е упатена во име на Акунџада, верски лидер, за кој се верува дека се крие од мај минатата година кога стана лидер на талибанците, откако неговиот претходник беше убиен во американски напад со дрон во Пакистан.
Акунџада, кој минал 15 години држејќи проповеди во џамии во Пакистан, во пораката, со која повикува зголемување на садењето дрва во земјата, интепретираше стихови од Куранот.
- Садењето дрва и земјоделството се сметаат за дела, кои носат добробит на овој свет и големи награди на другиот свет, наведе Акунџада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот