Лидерот на „17 Ноември“ доби дозвола за дводневен излез од затвор

Димитрис Куфодинас, „мозокот“ на грчката терористичката организација „17 Ноември“, која стои зад низа напади и убиства во Грција, доби дозвола да дводневен излез од затвор, одлука која предизвика бура реакции во грчката јавност.
Куфодинас е осуден на 11 доживотни затворски казна и на уште 25 години затвор за 11 убиства, меѓу кои и на поранешниот пратеник на Нова демократија и сопруг на поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, Павлос Бакојанис во 1989 година.
На 5 септември 2002 година Куфодинас сам и се предаде на полицијата и рече дека ја презема одговорноста за активностите на „17 Ноември“ и оттогаш се наоѓа во атинскиот затвор.
По 15 години минати во затвор и по неколкуте одбиени барања за дозвола за „викенд“, Куфодинас денеска ќе биде ослободен на два дена.
Одлуката на затворскиот совет за Куфодинас предизвика реакции во Грција и од медиумите, но и од политичарите.
Бакојани, која го загуби сопругот пред 28 години од оружјето на Куфодинас, побара јавно да заземат став грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за цивилна заштита Никос Тоскас.
- Ова се несфатливи работи. Кој ни дава гаранции за двата дена додека шета слободен низ Атина? Очекувам официјален став од Владата, коментира пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани.
Нејзиниот брат и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис преку Твитер негативно ја коментираше одлуката за доделување дводневна дозвола за излез на терористот.
- Било каква дозвола за Куфодинас е незамислива. Не само за неговите постапки, кои се насочени против демократијата, туку и затоа што никогаш не изрази каење за овие постапки и останува и натаму идеолошки водач за новата генерација терористи, напиша Мицотакис на Твитер.
Куфодинас (59) е еден од основачите на терористичката организација „17 Ноември“, која беше активна од 1975 до 2002 година и 25 години сееше страв во Грција.
Тој е осуден за 11 убиства извршени од 1985 до 2000. Куфодинас стои и зад убиствата на издавач на весник и неговиот возач, на претседател на голема грчка компанија, бизнисмени, воени аташеа во амбасадите на САД и Велика Британија, дипломати од турската Амбасада во Атина, на гувернерот на Банката на Грција, но и зад убиството на еден студент кој го загуби животот „под грешка“ наместо тогашниот министер за финансии.
Ново на Сител
-

Тотално безредие, хаос во финансиското работење, сомнежи за криминални дејства во прилепската болница
-

12.000 пензионери не добиваат повисоки пензии оти живеат во странство – утврдена дискриминација
-

Почеток на национална кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“
-

Фондацијата “Ице Бегов” донираше 5 апарати на Клиниката за детски болести во вредност од над 43.000 евра
-

Пожар го уништи историскиот облакодер „Вјесник“ во Загреб
-

Опозицијата бара анкетна комисија за Кочани
-

Стопанска комора: По примерот на дуалното образование да се реформира и високото
-

Почеток на национална кампања „1 до 5 - стоп за сексуалното насилство врз деца“
