Лидерите од еврозоната одлучија да и дадат нов заем на Грција
Грција ќе добие нов заем во рамките на третата спасувачка програма, е едногласна одлука која изутринава ја донесоа лидерите на земјите од еврозоната по 17-часовниот состанок во Брисел.
До почетокот на преговорите за таа спогодба Атина ќе добие „преоден заем“, изјави претседателот на еврозоната Јерун Дејселблум.
До крајот на оваа недела грчкиот Парламент треба да го поддржи главниот дел од одлуката, која беше донесена денеска, меѓу која и одвојувањето на фондот од 50 милијарди евра грчка државна сопственост.
Тој фонд ќе биде управуван од надзорен орган, а можностите се дека преку управување на тие активи ќе биде остварен профит, со кој ќе се извршува враќање на долгот. Другата можност е приватизирање на таа сопственост и добиените средства повторно да бидат насочени кон исплаќање на задолженијата кон кредиторите.
Се очекува кон крајот на неделата, по произнесувањето на Парламентот во Атина, одлуката за отпуштање нов заем да биде потврдена и од некои национални парламенти во еврозоната.
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“