Лидерите на германските Зелени под истрага за исплатата на „корона бонуси“
– Јавното обвинителство во Берлин отвори истрага против раководството на германската партија на Зелените, вклучувајќи го и новиот вицеканцелар и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за време на пандемијата минатата зима.
Обвинителството и партијата денеска потврдија дека е покрената истрага по извештајот на неделникот Шпигел, пренесе агенцијата ДПА.
Станува збор за улогата на партиското раководство во одобрувањето на „корона бонусот“ од 1.500 евра по човек за вработените во партиските штабови и за самите лидери. Бонусот требаше да ги компензира непријатностите предизвикани од работата од дома и реновирањето на зградата.
Раководството на партијата го сочинува шестчлен одбор во кој се и лидерите Роберт Хабек и Аналена Баербок. Хабек беше избран за германски вицеканцелар и министер за економија и клима, а Беркбок за министерка за надворешни работи во новата влада на канцеларот Олаф Шолц.
И двајцата ќе се повлечат од раководството на партијата кон крајот на овој месец бидејќи се на министерски позиции.
ДПА јави дека внатрешните партиски ревизори веќе поставиле прашања за исплатата на корона бонусите на управниот одбор.
Ново на Сител
-

Неделава кончено ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
-

Рушење и експропријација, Штип добива нов урбан изглед
