Лидерите на Г7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија
Лидерите на Г7 изразија „сериозна загриженост“ поради најавата на Русија дека може да пренесе ракети со нуклеарно полнење во Белорусија, јави ДПА.
Во заедничката изјава од вториот ден на тридневниот самит во Баварските Алпи, лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД соопштија дека ја осудуваат „неоправданата употреба на нуклеарна реторика и сигнализација од страна на Русија .
„Русија мора да ги почитува своите меѓународни обврски, вклучително и оние кои забрануваат употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението.
„Ја повикуваме Русија да се однесува одговорно и да покаже воздржаност, и повторуваме дека секоја употреба на такво оружје би била неприфатлива и ќе има тешки последици“, наведуваат лидерите на Г7 во заедничката изјава пренесдена од ДПА.
Коментарите доаѓаат откако претседателот Владимир Путин, наводно, му рекол на белорускиот лидер Александар Лукашенко, неговиот најблизок сојузник во војната против Украина, дека Русија во следните неколку месеци на белорусија ќе и испорача проектили способни да носат нуклеарни боеви глави, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Две години условна казна затвор за онкологот кој призна вина
-
Македонската дијаспора во САД го одбележа празникот Раѓање на Пресвета Богородица
-
Поголема соработка и нови инвестиции од Дубаи се очекуваат по нивната посета во земјава
-
Тошковски ја отвори конференцијата на европскиот огранок на американскиот ФБИ во Скопје
-
Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк