Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
Граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалеле за правосудството, потрошувачките права и за проблеми на работното место.
Минатата година омбудсманот постапувал по речиси 3000 претставки. Меѓу кои лани за прв пат кај нив имало и 9 пријави за семејно насилство. Констатирале слабости и кај полицијата и кај социјалните служби. Сељами најави дека годинава поголем акцент ќе стават на случаите за семејно и родовобазирано насилство, зошто оваа појава станува се позачестена во Македонија и не ретко завршува и со фемицид.
- Постапувајќи, по сопствена иницијатива, за случајот на семејно насилство кое заврши со фемицид, каде двете деца беа директно засегнати, од кои едното дури и беше сведок на убиството на мајката, утврдивме дека Центарот за социјална работа немал сознанија за состојбата на ова семејството и не знаел за проблемите, додека Министерството за внатрешни работи излезе со објаснување дека жртвата не сакала кривична постапка, туку само предупредување на сторителот. Сепак, сведочењата од блиските роднини и пријатели беа во спротивна насока - дека претходно имало обиди за пријавување на насилството, но им било побарано жртвата лично да поднесе формална пријава, изјави Фатон Сељами, Народен правовбранител.
Најголемо зголемување на бројот на претставки Народниот правобранител бележи за загадување на животната средина, поврзани и со случајот во Трубарево каде неколку дена гореше опаснен отпад. Откако побарале одговори од сите надлежни институции заклчиле дека меѓу себе си ја префрале одговорноста за преземање дејствија на мерки.
- Загрижува тоа што во земјата се издадени само две дозволи за вршење на дејност- депонирање отпад и тоа: А интегрирана еколошка дозвола за ЈП „Дрисла“ - Скопје и Б интегрирана еколошка дозвола за ЈКП „Комуналец Гевгелија“ - Гевгелија. Притоа, нема издадено дозволи за депонии за опасен отпад, ниту за интерен отпад, а од двете депонии кои поседуваат интегрирани еколошки дозволи, воопшто нема доставено писмени известувања за негативните влијанија за животната средина, рече Сељами.
Граѓаните кај народниот правобранител се желеле и за проблеми со “градежната мафија”, здравството, но и за превисоки сметки за струја.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
