Лидерите на Г7 се пошегуваа на сметка на Путин: Да јаваме коњ голи, како него | ВИДЕО
Лидерите на земјите од Г7 денеска се собраа на самит во замокот Елмау во Германија, а дел од нив, токму во времето кога снимателите снимаа, се пошегуваа на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.
Кога лидерите се собраа пред фоторепортерите, британскиот премиер Борис Џонсон праша дали треба да ги соблечат сакоата за фотографирање.
„Можеме ли да се соблечеме?“, праша Џонсон, на што неговиот канадски колега Џастин Трудо одговори: „Да почекаме да заврши фотографирањето“.
Џонсон потоа низ смеа рече „мора да им покажеме на сите дека сме посилни од Путин“, а Трудо спомна јавање коњ без маица, алудирајќи на познатите фотографии на рускиот претседател од неговиот одмор во Сибир.
Во разговорот се вклучи и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“ со коментар „јавањето е најдобро“, на што Џонсон одговори дека и тие „мора да ги покажат градите“.
Во исмевањето на рускиот претседател не учествуваа другите лидери на масата: Џозеф Бајден, Емануел Макрон, Чарлс Мишел, Фумио Кишида, Марио Драги и Олаф Шолц.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот