Лидери на НАТО ветија повеќе тешко оружје за Украина
Лидерите на седум земји од НАТО ветија дека ќе го поддржат пристапувањето на Шведска и Финска во Алијансата и ќе обезбедат повеќе тешко оружје за Украина.
Тие ја дадоа поддршката по неформалниот состанок во официјалната резиденција на холандскиот премиер Марк Руте во Хаг, коорганизиран од Руте и неговиот дански колега Мете Фредериксен. На средбата уште беа претседателот на Романија, како и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.
„Мојата порака во врска со членството на Шведска и Финска е дека силно го поздравувам. Ова е историска одлука. Ќе ги зајакне нив, ќе не зајакне нас “, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој исто така присуствуваше на состанокот.
Но, Столтенберг, исто така, рече дека Алијансата мора сериозно да ја сфати загриженоста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека нема да дозволи двете земји да влезат во НАТО додека не ја променат политиката за поддршка на курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи.
„Нема сојузник на НАТО што претрпе повеќе од терористички напади од Турција“, потсети Столтенберг.
Во меѓувреме, полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја критикуваше досегашната поддршка за Украина, која постојано бараше да и се испрати повеќе и тешко оружје.
„Не направивме доволно за да ја одбраниме Украина, да го поддржиме украинскиот народ, да ја одбраниме неговата слобода и суверенитет. И затоа Ве повикувам, Ве молам, да направите многу повеќе за снабдување со оружје и артилерија на Украина“, рече Моравjецки.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
