Левица: Загрозена и неизвесна иднината на илјадници вработени во Дрекслермаер
Левица, по анонимни дојави од повеќемина поранешни и сегашни вработени во фабриката Дрекслермаер, лоцирана близу Кавадарци (ДММ), дојде до сознанија дека, во оваа компанија бројот на вработени во изминатиот период од околу една година е драстично намален – за околу 1000 луѓе. Односно, од поранешни околу 6000 вработени, сега се останати околу 5000, а овој тренд на намалување на вработените и понатаму продолжува со дополнителни отпуштања и непродолжување на договори за вработување на определено време.
Оваа странска компанија, откако ги искористи државните бенефиции во првите години од своето работење (милиони евра субвенции од државни/народни пари) и евтината работна сила, сега ги отфрла луѓето како искористена роба и тоа среде светска пандемија и здравствено-економска криза.
Повеќемина поранешни вработени, од лично искуство се имаат пожалено кај нас како политичка партија, дека отпуштањата ги прават на крајно нехуман и некоректен начин. Имено, последниот час од последниот работен ден од нивните договори за вработување луѓето биле повикувани на разговор во оддел човечки ресурси и им било соопштувано – од утре да не доаѓаат, дека не им се продолжува договорот.
Дополнително ни пристигаат информации дека носечкиот проект во ДММ “Ц класа W205, GLC253“ е во план да се заврши до крајот на оваа 2021 година, а по завршувањето на тој проект бројот на вработени во наредната година ќе се намали за дополнителни 2000-3000.
Владата, или општинските органи наместо да застанат на страна на работниците, си прават ПИ-АР кампања за наводни инвестиции и отворање на нов погон. Сето ова, додека до нас секојдневно пристигаат информации дека во оваа компанија често не се почитува Законот за работни односи на Република Македонија. Има доста вработени, кои биле повеќе од цели 5 години во непрекинат работен однос, но се’ уште немале добиено договор на неопределено и во заводот за вработување се’ уште се водат со договор на определено. Од друга страна пак, на голем дел од вработените не им било дозволено да користат годишен одмор во непрекинато траење од најмалку 2 недели во текот на претходните години пред пандемијата.
Левица, како работничка партија, во име на вработените во компанијата и нивните семејства, бара итни одговори по овие прашања и превземање одговорност, како и решавање на нерегуларностите од страна на раководството на компанијата. Во спротивно нашиот правен тим ќе ги превземе сите можни ресурси за правно постапување по истите.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица