Левица: Студентите оставени без оброк и стипендии
Иако МОН им ветија на студентите дека најдоцна до 31.01.2023 година на студентите ќе им ги исплатат средствата за студентски оброк со задоцнување од 30 - тина дена, сепак денеска илјадници студенти повторно останаа без средствата кои им следуваат за да го остварат правото на студентски субвенциониран оброк, а веќе утре треба да почне исплатата на студентскиот оброк за месец Јануари.
Покрај неисплатата на студентски субвенциониран оброк, исто така МОН со месеци доцни и со исплатата на студентските стипендии. Во услови на тешка економска криза, едни од најранливите категории - студентите, се оставени на немилост од страна на неспособното Министерство за образование и наука, со кое раководи ДУИ.
И покрај тоа што студентскиот стандард на студентите е катастрофален, земајќи ја во обзир и ситуацијата во студентските домови, каде што сé уште условите се мизерни, антикризните мерки не се укинати, а реновирањето воопшто не е започнато, сега студентите практично се соочени со да останат без стандард воопшто.
Со ова уште еднаш се докажува фактот дека криминалното ДУИ остава пустош во секој ресор и секоја сфера со која раководи. Одговорност и оставка е нешто најмалку што може да направи министерот Јетон Шаќири.
Левица
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија