Левица повика на протест против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид
Левица повика на протест против отворањето на бугарскиот клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.
- Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!
Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!
На 07-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.
Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото!
Не за бугарскиот Хитлер!
Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.
Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт.
Смрт за фашизмот, слобода на народот! - стои во соопшрението на Левица.
Ново на Сител
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони