Лековите на рецепт и специјалистичките услуги сега подостапни за пациентите
Владата на 148. седница ја усвои Предлог-уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи со што се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), согласно финансиските можности на фондот, соопшти Министерството за здравство.
Со измените на Уредбата се овозможува проширување на мрежата на здравствени установи во делот на аптеките и руралните аптеки, како и во делот на специјалистите на секундарно ниво на здравствена заштита.
Аптеките кои немале договор со ФЗО, отсега ќе имаат можност да склучат договор. Со овие измени, како што појаснуваат од Министерството, се надминува проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт ќе бидат подостапни за пациентите.
– Воедно, специјалистите ќе имаат можност да отворат специјалистичка ординација во место кое самите ќе го изберат или пак, како нов тим во веќе постоечка ординација, со договор на ФЗО. Преку отворање на специјалистички ординации, младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат, наведуваат од Министерството.
Оваа уредба влегува во сила ден по нејзиното објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени