-->
-->
Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс
-->
Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс за уште две години за 85 милиони долари.
Џејмс, кој на крајот од овој месец ќе наполни 36 години, ќе остане во „лејкерси“ до крајот на натпреварувачката 2022/23, што ќе биде негова 20. Сезона во НБА лигата.
Како што објави ESPN, Џејмс во новата сезона ќе заработува 39.2 милиони долари, 41,1 милиони долари во сезоната 2021/22, и 44,4 милиони долари во последната сезона.
Џејмс минатата сезона го предводеше Лос Анџелес лејкерс до првата титулата во изминатата деценија, и вкупно 17. во клупската историја. Претходно во кариерата, тој освои два шампионски прстени со Мајами (2012, 2013) и еден со Кливленд (2016).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот