Лебедово езеро во изведба на Булфрогс со реприза на 7 Декември
По големиот успех на премиерната изведба, на 7 Декември со почеток во 19 часот на сцената на Македонскиот Народен Театар Булфрогс балетското училиште репризно ќе го изведе балетот „Лебедово Езеро“ на музика од Петар И. Чајковски, во кореографија на Александра Никифоровски, а во изведба на учениците од Булфрогс Балет, на возраст од 4 до 18 години. Главните улоги ги играат учениците на Булфрогс Балет како и гости Македонската Опера и Балет и Националните балетски куќи од регионот.
„Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказна, кореографката Никифоровски внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење.
„Лебедово Езеро“ е седмата продукција на Булфоргс од основањето на училиштето, а премиерно беше одиграна на 19 Јуни 2015 година, на сцената на Македонскиот Народен театар.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати