-->
-->
ЛЕ: Познати сите екипи од групната фаза
-->
По одигрувањето на синоќешните 22 реванш бараж дуели од Лига Европа познати се сите 48 екипи кои ќе се натпреваруваат во овој европски куп. Покрај овие 22 екипи, 10 од екипите се елиминираните од баражите од Лигата на шампионите, како и 16 кои дирекнто се пласираа во групната фаза.
Македонскиот преставник Шкендија е елиминирана во баражот од белгискиот тим Гент, а од македонските фудбалери двајца со своите екипи ќе бидат дел од групната фаза. Муарем Муарем како член на Карабах постигна победа од 3:0 во реваншот над Гетеборг, а Муарем беше стрелец на еден гол и имаше една асистенција. Агим Ибраими поради повреда не играше за Астана, а неговата екипа одигра 2:2 на гости кај БАТЕ и обезбеди пласман во групите. Иван Тричковски и Даниел Мојсов (го одиграа целиот натпревар) со АЕК Ларнака и се елиминирани од Либерец откако во ревншот на гости загубија со 3:0. Натпреварувањето го заврши и белградска Црвена Звезда, која во реваншот одигра 1:1 со Сасуоло, а македонскиот младински репрезентативец Давид Бабунски во игра влезе во 80.минута.
На реванш бараж дуелите нашиот судија Александар Ставрев со помошници од Македонија го судеа натпреварот Рапид Виена – Тренчин.
Извлекувањето на групите за Лига Европа ќе се одржи денеска во 13 часот во Монако.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце