Ле Пен: Трамп смета на Франција
Марин Ле Пен, кандидатката на крајно десничарскиот Национален Фронт (НФ) за претседателските избори во Франција оцени дека Доналд Трамп, кој денес ќе положи свечена заклетва „смета на Франција“, но, не како што рече на „сеништето на Франција".
„Тој смета на Франција, која како во минатото имаше посебен глас, која беше сила за рамнотежа“, нагласи Ле Пен во интервју за радиото Класик, јави дописникот на МИА од Париз.
- Се отвора нова ера, се надевам дека ќе се отвори ера на соработка, истакна Ле Пен, велејќи дека е воодушевена „што гледа еден претседател на САД, кој е далеку од она што го видовме во последните неколку години, кој изгледа дека е подготвена да го прифати принципот на суверенитет на народите. "
Меѓу неколкуте ретки француски политичари, кои го поздравија изборот на 45-ти претседател на САД, кандидат на НФ повтори дека таа се надева дека ќе се сретне со новиот станар на Белата куќа кога биде избрана за претседател, истакнувајќи ги нивните „заеднички точки на економски план".
Ле Пен сепак ја отфрли идејата за прва официјална посета на Вашингтон, ако стане станар на Елисејската палата.
- Моето прво патување ќе биде во Брисел да им објаснам дека ќе ставам крај на одморот, додаде таа, залагајќи се за крај „на супер-силата која Брисел ја презеде против волјата на народот ".
Марин Ле Пен на 12 јануари годинава се најде во Трамп кулата, каде што се наоѓа седиштето на штабот на Доналд Трамп во Њујорк, но не се сретна ниту со идниот американски претседател, ниту со кој било друг член на неговиот тим, нарекувајќи го ова патување „приватно“.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов