Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ги посетил украинските сили во близина на линијата на фронтот во јужниот регион Запорожје, што е негово ретко патување во областа каде што Русија е осомничена дека подготвува офанзива.
„Запорожје. Нашите војници од 27-та артилериска бригада. . . Тие работат на одбрана на нашите региони Запорожје и Доњецк (на исток) од окупаторите“, изјави Зеленски на платформата Х .
Украинскиот претседател објави видео во кое им се обраќа на своите сили на таканаречената дивизија ХИМАРС, воената единица која прва ги прими овие повеќенаменски ракетни системи испорачани од САД.
На видеото може да се види како Зеленски шета со војниците во шума и им дели одликувања на војниците во простори што наликува на подземно засолниште.
Зеленски редовно ги посетува своите сили во областите во близина на линијата на фронтот од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Меѓутоа, тој не го посети релативно стабилниот јужен фронт од почетокот на годината, а најмногу ги посетува армиските позиции на истокот и северот на земјата, што се цел на интензивни руски напади.
Украинските војници и експерти веруваат дека Москва би можела да подготви нова копнена офанзива на југот.
Таквата операција би претставувала предизвик за украинската армија, која веќе се бори на источниот фронт.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
