Фудбал
6. May 2016 - 6:45

ЛЕ: Ливерпул спречи шпанска доминација

Екипата на Ливерпул спречи доминација на шпанските екипи во еврокуповите на УЕФА со пласманот во финалето на Лигата Европа и по елиминацијата на Виљареал бидејќи нивни противник во финалето ќе биде тимот на Севиља. Познато е дека во финалето на Лигата на шампионите ќе играат Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Ливерпул предноста на Виљареал од првиот дуел ја анулира со автоголот на Бруно Сориано веќе во 7.минута, а другите два гола во вториот дел ги постигнаа Даниел Стариџ (63) и Адам Лалана (81).
Севиља ќе има можност да го брани трофејот откако во реванш полуфиналето го победи Шахтјор со 3:1 (вкупен резултат 5:3). Два гола постигна Кевин Гамеиро, а еднаш стрелец беше Мариано Фереира. голот за Шахтјор го постигна Едуардо.
Севиља со пехарите во Куп УЕФА има вкупно четири трофеи во ова натпреварување, а Ливерпул три. И двата тима немаат пораз кога играле во финале на ова натпреварување.