-->
-->
ЛДП: Членството во ЕУ врвен приоритет
-->
Македонија нема друга алтернатива освен членство во Европската унија, соопшти денеска Либерално-демократската партија (ЛДП).
- Интеграцијата во ЕУ за нас отсекогаш била врвен државен и стратегиски приоритет. Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство. Брзата разрешница на политичката криза, формирањето нова влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството, слободата на медиумите, ќе бидат алфа и омега за новата власт во државата, наведува ЛДП.
Според ЛДП, новата реформска влада од првиот ден напорно ќе работи на враќање на државата на патот на евроинтеграциите. - Она што е дамнешен сон за македонските граѓани, наскоро ќе стане и реалност, стои во соопштението на ЛДП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје