Лазаревска: Учениците не смеат да трпат штета заради уцени
Учебната година треба да продолжи во интерес на учениците и образованието.
Правото на штрајк е уставно загарантирано но, исто така и правото на образование кое не смее да биде нарушено.
Интересот на децата, на нивното образование мора на сите да им биде приоритет, без уцени, туку со разум да се пристапува, да се разговара и преку дијалог да се дојде до решенија.
СДСМ е политичка партија којашто конкретно, со бројни мерки и политики, покажала дека го цени и го вреднува трудот на наставниците, професорите, на сите работници. Во образованието СДСМ ги покачи платите за 21%, пет пати повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се покачија едвај за 4%.
СДСМ е партија која ги подобри условите за работа во воспитно образовните институции. Реконструиравме и изградивме над 80 училишта, а за оваа година за капитални инвестиции во образованието издвојуваме над една милијарда денари.
Изградивме стотици училишни спортски сали, исто така оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост.
Од 2017 година досега отвориме 61 градинка а годинава ќе се отворат дополнителни десет нови детски градинки.
За истиот период, платите на воспитувачките во градинките во просек ги зголемивме за 6.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова го постигнавме низ партнерски однос и дијалог со сите засегнати страни.
Одбивањето на предлогот на Владата предводена од СДСМ за зголемување на платите за 10 отсто и нова методологија за постојан раст на платите од страна на СОНК, покажува дека раководството на овој синдикат не се води од интересите на наставниците и учениците.
Во време на глобална економска и енергетска криза, раководството на СОНК одбива значително покачување на платите во просек од над 2.500 денари.
Се одбива на овој начин вкупно покачување од 31% процент на платите за период од неколку години.
Тоа не е разумен став туку уценувачки, кон образованиот процес, и кон самите ученици и нивните родители.
Платите во образованието и оваа година ќе се покачат, но истовремено ќе се создаде нова методологија со која платите на наставниците ќе растат во континуитет.
Пролонгирањето на учебната година ќе создаде нови проблеми кои на крајот ќе бидат врз грбот на учениците, родители и наставниците.
Затоа, потребно е раководството на СОНК да престане со уцените, да се врати на дијалогот, учебната година да продолжи во интерес на децата и учениците.
Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците