Лавров: Се надевам на избалансирана одлука на Трамп за Иран
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе избалансирана одлука за иранскиот нуклеарен договор.
- Многу е важно да се зачува сегашната форма и во таа смисла учество на САД би бил значаен фактор, посочи Лавров
„Вашингтон Пост“ повикувајќи се на извори во Белата куќа вчера објави дека Трамп планира следната недела да ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран.
Најверојатно Трамп на 12 октомври ќе одржи говор во кој ќе ја презентира својата стратегија за Иран, а на 15 октомври треба да го информира Конгресот за тоа дали Иран ги почитува преземените обврски од нуклеарниот договор, по што конгресмените имаат рок од 60 дена да решат околу можно воведување санкции кон Техеран.
Во 2015 година Иран постигна договор со шесте светски сили според кој Техеран се согласи да ги предаде своите резерви на збогатен ураниум и да отстрани две третини од своите центрифуги со кои се збогатува ураниумот во рок од 13 години, а за возврат земјите потписнички на договорот ги олеснија санкциите кон Иран.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции