Лавров: Обединувањето на Европа без Русија води кон трагедија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека западните обиди за исклучување на Русија од процесите за креирење на европска и глобална политика секогаш воделе до трагедија.
- Трајна стабилност е можна само со соработка, наведе Лавров во авторски текст во магазинот „Раша ин Глобал Аферс“, осврнувајќи се на руската надворешна политика во последниве 1.000 години.
Според Лавров, руската надворешна политика секогаш се залагала за зачувување на рамнотежата на мирот и стабилноста во меѓународните односи.
Шефот на руската дипломатија смета дека „обидите за изолација на Москва како светска сила“ секогаш воделе до историски порази и безбројни човечки жртви.
- Во последениве два века секој обид за обединување на Европа без Русија или против неа, неизбежно водеше кон страшни трагедии чии последици секогаш биле надминувани со решително учество на нашата земја, оценува Лавров во текстот.
Според него, Русија како најголема држава во светот, со својата единствена културна матрица секогаш ги следела сопствените национални интереси и во исто време служела како мост меѓу Истокот и Западот.
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје