Лавров: Москва го цени турското одбивање на антируските санкции
Москва ја цени независната политика на Турција и одбивањето на Анкара да се придружи кон антируските санкции, изјави денеска руски от министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Во надворешната политика, Турција и Русија водат независна политика. Го цениме одбивањето на нашите партнери да се придружат кон антируските санкции, изјави Лавров во Анкара по средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.
Тој додаде дека „не е претерување ако кажеме дека сме на пресврт во светската историја, во фаза на премин од биполарни и повеќеполарни модели и обрасци на изградба на полицентричен светски поредок што се формира како објективна стварност“.
– Отпорот во објективните трендови е очигледен – санкции, закани, уценување диктати, изјави шефот на руската дипломатија.
- Во таква ситуација некој дури би можел да помисли дека некои од нашите западни партнери ја изгубиле културата на дипломатија, но, јас се надевам дека објективната реалност ќе стори разумот да превагне и дека повторно ќе дојде со принципите содржани во Повелбата на ОН; која подразбира заедничка работа на решавање на глобалните проблеми со почитување на суверената еднаквост на државите и немешање во нивните внатрешни работи, нагласи Лавров.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен