Фудбал
23. February 2017 - 15:12

Лалана продолжува со Ливерпул

Играчот на Ливерпул, Адам Лалана, потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“. Англискиот репрезентативец потпиша нов тригодишен договор, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Адам Лалана во 2014 година од Саутемптон пристигна на „Енфилд“. Ливерпул за неговите услуги на Саутемптон му плати 25 милиони фунти.

Оваа сезона тој е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, во сите натпреварувања има одиграно 27 натпревари и постигнато седум голови.

Според новиот договор Лалана неделно ќе заработува 110.000 фунти.