„Лајка“ ќе ја презентира програмата за работа по реакциите во јавноста
По реакциите во јавноста во врска со работата на „Лајка“, вечер Град Скопје ќе ја презентира програмата за работа на ова јавно претпријатие.
– Изминативе денови во јавноста се изнесоа голем број дезинформации и невистини во врска со програмата. Ве повикуваме во вторник во 18 часот на аргументирана дебата со конструктивни предлози за програмата на ЈП „Лајка, се вели во поканата од Град Скопје.
Во јавноста изминатиот период имаше реакции дека во програмата за работа на стационарот „Лајка“ е предвидена еутаназија на кучиња со позитивен тест на парвовироза и штенечак, додека на кучињата кои ќе бидат позитивни на тестот на лишманија и срцев црв ќе им биде дадена шанса да бидат преземени во рок од 48 часа, по што и тие ќе бидат еутанизирани. Најмногу реагираа активистите на животни според кои со ваквите постапки се врши геноцид врз животните.
На 28 февуари лани Советот на Град Скопје ја усвои одлуката за формирање на „Лајка“. Новото јавно претпријатие се формираше бидејќи граѓаните и здруженијата за заштита на животните не беа задоволни од третманот на улични животни. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост треба да ги преземе активностите за заловување на животните скитници, нивна стерилизација, ветеринарна грижа, регистрирање, како и процедурите за нивно вдомување.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата