Лајчак за РТС: Ако нема ЗСО, нема да има ни договор меѓу Србија и Косово
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за емисијата „Око“ на РТС, што ќе се емитува вечерва, зборуваше за предусловите за спроведување на европскиот план и спомена дека формирањето на Заедницата на српските општини е главниот предуслов.
Лајчак кажа дека доколку го погледнете предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.
Тој во неколку наврати повтори дека Заедницата на српските општини мора да се формира и подвлече дека „доколку нема ЗСО, нема ни договор“.
-Целта, вели Лајчак, не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата.
Средбата во Охрид, напоменува, има за цел да се договориме за исполнување на договорот, што има таква поддршка од ЕУ што, како што нагласи, не се памети во минатото.
Специјалниот пратеник од вчера е во Белград, а денеска ќе ги продолжи разговорите со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Лајчак оствари средба и со дел од опозицијата, пренесе белградски „Данас“.
Ново на Сител
-
Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи
-
Муцунски на средба со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
-
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
-
Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе
-
Борел: Одржувањето врски со Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина
-
На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Непречистени 72.2 % од испуштените води во 2023 година
-
Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ